english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт

вести

              
НАЈНОВО!! Најновиот двоброј на е-весник ВАВИЛОН
Јакнење на доброволната работа помегу децата и младите од општина Свети Николе
Да го спречиме семејното насилство
MEET MACEDONIA
Работилници за самопомош
Обука за млади лидерки


 

пребарувај
на интернет

Почивај во мир
Наш Ангелу


кампања за бесплатни гинеколошки прегледи
Животна приказна
 
 
 
 
U

©
 
 
 
Препорачајте!
Вашето име:

Вашата
е-маил адреса:


Е-маил на Ваш/а пријател/ка:

Вашите коментари:

Примете копија 

 






 

 


 

 

 


 

 

 

 

 



 

 

Добредојдовте
на интернет страната  на
Организација на жените на Општина Свети Николе

 

Истражување на потребите на жените во руралните средини во Источна Македонија  (2,46 MB)

 Анализа на анкетното испитување за потребите на жените од Општина Свети Николе (565 KB)

 Анализа на финансиското работење на Општина Свети Николе (3,3 MB)

Евалуацијата на здравствената програма на организацијата во  PDF формат (654 KB).

Евалуацијата на Англиски јазик во PDF формат (370KB)

 

Локална стратегија за млади на Општина Свети Николе (114 KB)

Годишен Извештај на Организација на жените на Општина Свети Николе
за 2007 година

Сите гореспоменати документи може да ги симнете со кликнување на десен клик врз претходните линкови и со избирање на наредбата Save Target As...
 

Најнови вести од активностите на нашата Организација

“Да излеземе заедно од мракот на семејното насилство”

Во рамки на 16 дена кампања за борба против семејното насилство, на 02 Декември 2011 година со почеток во 12.30 часот во просториите на Славјанскиот Универзитет, во Свети Николе се одржа панел дискусија на тема “Да излеземе заедно од мракот на семејното насилство”. Оваа активност беше организирана од страна на Организацијата на жените на општина Свети Николе со финансиска подршка од УНФПА. На панел дискусијата присуствуваа 38 лица, членови на локалните координативни тела за борба против семејно насилство-претставници од релевантните институции (центар за социјална работа, полиција, здравство, образование, локална самоуправа) и НВО секторот од пет општини од Македонија: Свети Николе, Штип, Пробиштип, Кочани и Виница. Исто така на панел дискусијата присутни беа и две преставнички од Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство-чија членка е и Организација на жените на општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

„Локален одговор на трговијата со луѓе“

Во рамките на проектот „Локален одговор на трговијата со луѓе“ имплементиран од Отворена Порта – Скопје и финансиски подржан од Европската унија, а по повод Светската недела за борба против трговија со луѓе од 2 до 9 Декември, Организација на жените на општина Свети Николе реализира активности за одбележување на истата. Одележувањето на Светската недела за борба против трговијата со луѓе започна со делење на информативни и едукативни материјали за борба против трговија со луѓе на 3 декември, кога волонтери од ООУ „Гоце Делчев“ делеа флаери од Отворена Порта на случајни минувачи во централното градско подрачје во Свети Николе. Во периодот од 28 Ноември до 7 Декември 2011 година беше објавен наградниот ликовен и литературен конкурс за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе.

Повеќе за овој напис

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС

Организација на жените на општина Свети Николе продолжува со имплементација на Законот за волонтерство во јавни институции, организации, државни органи и невладини организации. Оваа активност е дел од проектот „Локален Волонтерски Сервис“ чии носител е Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија).
Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните, со посебен акцент на младите невработени лица. Формуларите за аплицирање се достапни во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе и на веб страната на Организацијата. Рокот за пријавување е до понеделник 12 декември 2011 година. За сите избрани волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за превоз и исхрана во период од 3 месеци. Почетокот на волонтирањето ќе биде во текот на јануари 2012 година.

!!! Пријавата може да ја превземете овде !!!

Повеќе за овој напис

на почеток=

11-тата Европска ФАРЕ фудбалска недела

Организација на жените на општина Свети Николе од 14 до 16 Октомври 2011 организираше меѓународен турнир во мал фудбал, со што се вклучи во одбележувањето на 11-тата Европска ФАРЕ фудбалска недела. На турнирот учествуваа екипи од три основни училишта од општина Свети Николе и тоа од ООУ "Гоце Делчев" и "Кирил и Методиј" од Свети Николе и "Даме Груев" од Ерџелија, како и ученици од ОУ "Бата Булич" од Петровец на Млави од Република Србија. Тимовите беа составени од играчи од различен пол, различна етничка припадност на возраст од 13 до 15 години од Македонија и Србија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

”Жените во изградба на безбедна иднина во Република Македонија преку спроведување на резолуцијата 1325”

Организација на жените на општина Свети Николе во соработка со партнер организациите: Ауреола – Струга, Доверба – Куманово и Здружeние на албанската жена – Кичево од 12 Октомври 2011 година отпочна со реализирање на проектот Жените во изградба на безбедна иднина во Република Македонија преку спроведување на резолуцијата 1325” финансиски поддржан од UN WOMEN.
Цел на проектот: Подигнување на свеста за поддршка и активно учество на жените во градењето на мирот, зајакнување на безбедноста, меѓуетничкиот дијалог преку имплементација на Резолуцијата 1325.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Заедно кон поквалитетен живот”

Организацијата на жените на општина Свети Николе од 01.07 до 31.12.2011 година го реализира проектот ”Заедно кон поквалитетен живот” финансиски поддржан од Квина Тилл Квина од Шведска.
Цел на проектот е зајакнување на самодовербата за полесно надминување на последиците од болеста кај жените лекувани од малигни заболувања преку давање на соодветна стручна и психосоцијална поддршка.

Повеќе за овој напис

на почеток=

МАКЕДОНСКИТЕ ВОЛОНТЕРИ ВО ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА ЗАЕДНО СО НБА ЅВЕЗДИ

Во периодот од 4 до 14 Август во Чатеж, Словенија се одржа Меѓународна Младинска Волонтерска Школа. Учесници беа млади волонтери (на возраст од 15 до 18 години) од шест балкански земји: Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Меѓу нив бевме и ние Марија Николова, Ирена Ордева, Душан Петров, Христина Коцева и Благица Ивановска, предводени од нашиот ментор Александар Богатинов. Нашето присуство на оваа Волонтерска Школа беше овозможено од Организацијата на жените на општина Свети Николе, финансирано од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, а одговорни за реализација на школата беа Словенска Филантропија, односно Центарот за промоција на волонтерската работа од Љубљана. Благодарение на организаторите на школата имавме неповторлива шанса да учествуваме во волонтерска акција на NBA Cares “Make a difference Day” ни помалку ни повеќе туку со вистински НБА ѕвезди !!!

Повеќе за овој напис

на почеток=

Македонија успешно промовирана ширум Европа

Во рамките на проектот "Ние сме Европејци" од 15 Април до 8 Мај 2011 година нашите „амбасадори“ Александар Богатинов и Анета Спасеска успешно ја промовираа Македонија пред Европските граѓани во 20 Европски градови во 7 Европски држави (Австрија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Холандија и Полска). Тие беа дел од тимовите вклучени во двете 17-дневни Евротури со по еден претставник од 6 земји од Југоисточна Европа (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија) кои ги спроведоа промотивните активности во претходно споменатите 7 Европски држави. Проектот „Ние сме Европејци“ го реализира Полската Роберт Шуман Фондација во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (со седиште во Варшава) и Фондацијата Роберт Шуман (со седиште во Париз) и е кофинансиран од Европската Унија. Станува збор за голем Европски проект во кој се вклучени 17 организации од земји од Европската Унија и 6 организации од земјите од Југоисточна Европа. Партнер на овој проект од Македонија е Организација на жените на Општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Различни бои една игра-со спорт против расизам и дискриминација 2“

Организација на жените на општина Свети Николе во партнерство со Центар за развој и едукација од Свилајнац-Србија, Независно здружение на млади Лепоглава-Хрватска,Словенска Филантропија Љубљана-Словенија, Младински центар Херцег Нови-Црна Гора, Друштвото на Словенците во Р.Српска ,,Триглав,, Бања Лука-Босна и Херцеговина и Граѓаните во акција од Приштина-Косово го реализираа проектот “Различни бои една игра - со спорт против расизам и дискриминација 2 “, финансиски подржан од Европска Младинска Фондација при Советот на Европа. Цел на проектот е придонес во надминување на предрасудите и стереотипите на спортските терени.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Бесплатна компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети Николе“

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 01.04.2011 до 31.12.2011 год. ќе реализира проектни активности од проектот „Бесплатна компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети Николе“ кој финансиски е подржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Македонија. Цел на проектот е компјутерска едукација на 120 млади невработени лица на возраст од 18 до 35 години од населените места Ерџелија, Црнилиште, Амзибегово, Горобинци и градот Свети Николе од општина Свети Николе да се стекнат со знаење за работа со Windows , Microsoft Word, Microsoft Excel, Microsoft Power Point и Internet. Побрзајте со пријавувањето , бројот на корисници е ограничен. Дополнителни информации можете да добиете на телефонските броеви 444 620 и 440 032.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Живот без насилство –право на секоја жена-2“

Во рамките на проектот Живот без насилство право на секоја жена-2 финансиски поддржан од UNIFEM (агенција на ООН), Организација на жените на општина Свети Николе по втор пат реализира активности од областа на заштита од семејно насилство. Овој проект е продолжение на минатогодишниот и преку него се обезбедува бесплатна правна и психосоцијална помош на жени жртви на семејно насилство (преку пишување на: тужби, жалби и др. писмени поднесоци) и пружање на дирекна помош на жртвите преку плаќање на судските трошоци за поднесување на писмените поднесоци во основните судови.

Повеќе за овој напис

на почеток=

"Ние сме Европејци "

Во рамките на проектот "Ние сме Европејци" од 15 Април до 8 Мај 2011 година Македонија ќе биде претставена пред Европските граѓани во 20 Европски градови во 7 Европски држави (Австрија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Холандија и Полска). Проектот го реализира Полската Роберт Шуман Фондација во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (со седиште во Варшава) и Фондацијата Роберт Шуман (со седиште во Париз) и е кофинансиран од Европската Унија. Станува збор за голем Европски проект во кој се вклучени 17 организации од земји од Европската Унија и 6 организации од земјите од Југоисточна Европа. Партнер на овој проект од Македонија е Организација на жените на Општина Свети Николе. Наши "амбасадори" ќе бидат Александар Богатинов од Свети Николе и Анета Спасеска од Скопје.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Креирање на услови на поправедно општество – 3“

Во рамки на проектот „Креирање на услови на поправедно општество – 3“ Организацијата на жените на општина Свети Николе во периодот Јуни-Декември 2010 година ги реализира следните проектни активности:
- Одржани
5 работилници со групата за самопомош Во периодот Јуни-Декември 2010 година;
- Одржани 2 дводневни семинари за млади девојки од руралните средини
;
- Одржани 4 тркалезни маси во 4 градови;
- Одржани 4 презентации на резултатите од анкетното истражување во 4 градови (Свети Николе, Кочани, Струмица и Куманово)
;
- Реализирани 9 тематски работилници
од областа на здравството и семејното насилство (во 9 општини );
Канцеларија за бесплатна правна и психосоцијална помош на жртви на семејно насилство
Во периодот Јуни-Декември 2010 година.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Реализирај ги своите соништа – изгради ја својата иднина“

Организација на жените на општина Свети Николе од 01 Август до 30 Ноември 2010 година го реализираше проектот „Реализирај ги своите соништа – изгради ја својата иднина“ финансиски подржан од Норвешка амбасада во Р.Македонија.
Општа цел на проектот:
Придонес кон поттикнување и насочување на младите за отпочнување на сопствен бизнис преку обука и нивно информирање за можностите и начините за пристап до самовработување и врабоување.
Целна група
опфатена со проектот беше млади невработени лица од општина Свети Николе на возраст од 18-35 години, од различен пол, социо-економски статус, верска и етничка припадност.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство 2“

На 10 Мај 2010 година Организација на жените на општина Свети Николе потпиша договор со УНФПА за реализирање на проектот „Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство 2“.
Цел на проектот е зајакнување на веќе воспоставените модели на соработка помегу релевантните институции преку соодветно функционирање на локалните координативни тела во општините Свети Николе, Штип, Пробиштип и Кочани со цел поефикасно делување и ефективно спроведување на Законската регулатива од доменот на семејно насилство, подигање на јавната свест и сензибилизација за постоењето на овој проблем кај претставниците на верските заедници, младата популација, жените од руралните средини и пошироката јавност .

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Бесплатна правна помош и судско застапување од страна на адвокат за жени - жртви на семејно насилство“

Во рамки на заедничката програма на UN агенциите “Зајакнување на Националните Капацитети за спречување на семејното насилство”, Организација на жените на општина Свети Николе е носител на проект финансиски поддржан од UNIFEM преку кој обезбедува бесплатна правна помош и судско застапување од страна на адвокат за жени - жртви на семејно насилство.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“

Информативна брошура, постер и флаер се изработени со техничка поддршка на УНДП во рамките на заедничкиот проект на Обединети Нации „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ поддржан од Кралството Холандија и Фондот на Обединетите Нации за престанок на семејното насилство против жените.

Линковите се следните:

- за брошурата;

- за постерот;

- за флаерот: предна   и  задна страна;

на почеток=

"Ние сме Европејци "

Полската Шуман Фондација започна со реализацијата на нов проект насловен "Ние сме Европејци ", со кој има за цел да ги запознае граѓаните на Европската унија со современата реалност на (потенцијалните) земји-кандидатки во Југоисточна Европа и нивните потенцијали како идни членки на Европската Унија. Организација на жените на Општина Свети Николе е партнер во реализацијата на споменатиот проект. Повеќе информации може да најдете на следниот линк:

http://schuman.pl/programy-fundacji-schumana/we-are-europeans

на почеток=

Повик за аплицирање на млади невработени лица за волонтери

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) започна со имплементација на проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 5 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа СППМД - Кавадарци, Младински совет - Охрид, Агтис - Прилеп, Институт за развој на заедницата - Тетово и Организација на жените на општина Свети Николе. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица. За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана.

Рокот за пријавување е од 1 до 10 Декември 2010 година,
во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе
или на e-mail: wom_org@yahoo.com.

превземи ја пријавата овде (136 КB)

Повеќе за овој напис

на почеток=

Извештај за тематската трибина „Урбанистичко планирање“

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе – Транспарентна општина кој е дел од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 06/10/2010 година со почеток во 19 часот во салата на собранието ја реализираше втората тематска трибина на тема: „Урбанистичко планирање“. На трибината присуствуваа жени и мажи на возраст над осумнаесет години од општината, како и уште неколку членки од проектниот тим на организацијата. Добиените информации иницираа повеќе прашања кај присутните граѓани на кои г-ѓа Ѓилева даде исцрпни одговори, еве неколку од нив:

Повеќе за овој напис

на почеток=

Извештај за одржана трибина во село Кнежје

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе – Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 03/10/2010 година со почеток во 11:30 часот во просториите на Организација на жените - Свети Николе одржа трибина наменета за жените од село Кнежје. На трибината присуствуваа 10 жени на возраст над осумнаесет години од ова село.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Практики за потранспарентно, поефикасно и поотчетно владеење

На 24 и 25 јуни во конференциската сала на ресторан Лотос во Свети Николе се одржа работилница на тема: „Практики за потранспарентно, поефикасно и поотчетно владеење“. Оваа работилница е во рамките на „Проектот на УСАИД за транспарентно владеење“ во реализација на НВО Инфоцентарот, Центар за граѓански комуникации и ЕХО, кои во текот на Mај и Jуни 2010 година, организираат работилници за подобрување на практиките за отчетно, ефикасно и транспарентно владеење во партнерските општини: Штип, Струмица, Свети Николе и Виница. Целта на овие работилници е ...

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Јакнење на доброволната работа помегу децата и младите од општина Свети Николе”

Во месец Мај 2010 година менторите одржаа 3 средби каде што се извршија сите подготовки околу одржување на едукативниот камп (обезбедување на сместување, обезбедување на превоз, печатење на сертификати за волонтерите и др.) Беа одржани две средби ментори – волонтери со цел волонтерите да се информираат за активностите кои престојат за реализирање на едукативниот камп. Во период од 12 до 14 јуни 2010 година се реализира едукативен камп во Дојран.

Повеќе за овој напис

на почеток=

"Креирање на услови за поправедно општество-3"

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот "Креирање на услови за поправедно општество 3” финансиски подржан од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA во периодот од Јануари до Јуни 2010 година ги реализираше следните проектни активности:
-Одржана средба со неформалната мрежа од 12 женски Невладини Организации од Р.Македонија;
-Одржани три работилници со групата за самопомош;
–Истражување на потребите и проблемите на жените во руралните средини во Источна Македонија;
-функционирање на канцеларијата за правна и психосоцијална помош за жени жртви на семејно насилство

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Бисер на мудроста” награда за превенција од рак на грлото на матката

Наградата “Бисер на мудроста” ја доделува ECCA – European Cervical Cancer Association за прогресивна имплементација на програмата за превенција од рак на грлото на матката во Македонија.
Наградата е доделена на Организација на жените на општина Свети Николе, Министерството за здравство на Република Македонија, Комисијата за еднакви можности при Собранието на Република Македонија и Македонското женско лоби од Скопје, како признание за нивниот исклучителен придонес во програмата за превенција од рак на грлото на матката.
Наградата беше доделена на 26 Јануари 2010 во Брисел во Европскиот Парламент.
http://www.ecca.info/en/campaigns/pearl-of-wisdom-awards/2010-awards.html

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Meet Macedonia“ (Запознај ја Македонија)

Организација на жените на општина Свети Николе од 15 Август до 15 Декември 2009 година го реализираше проектот „Meet Macedonia“ (Запознај ја Македонија). Проектот се реализираше во партнерство со Друштво за развој на доброволна работа (ДРПД)–Ново Место, Р.Словенија, а финансиски беше поддржан од Deutsche Gesellschaft fьr Technische Zusammenarbeit (GTZ). Општа цел на проектот е придонес кон градење на можности за промоција на македонското културно наследство во државите членки на Европска Унија. Главни проектни активности кои се реализираа во рамките на овој проект се:

  • Културно запознавање на Р.Македонија;

  • Изработка и печатење на промотивен и информативен материјал. Беше изработена и испечатена брошура „Meet Macedonia“ (2,76 MB) (за превземање на брошурата кликнете на името на брошурата);

  • Културен настан “Ден на македонското културно наследство” во Р.Словенија;

Повеќе за овој напис

на почеток=

Вести од Организацијата од постар датум:
(кликнете на бараната година за да прочитате повеќе)

2010      2009       2008       2007       200     2005    2004

      на почеток=

 








наши донатори:











 

АНКЕТА


Дали сте за
бесплатни гинеколошки прегледи?
 

Да
Не
   
 






 

локални линкови:


 

 

медиумски покровители



 


 


 


 


 

 
 




 

профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster АлБог