македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
организациона
структура

мисија

секции
 

пребарувај
на интернет


кампања за бесплатни гинеколошки прегледи
јубилеј

 
 
U

©
 
 
 
Препорачајте!
Вашето име:

Вашата
е-маил адреса:


Е-маил на Ваш/а пријател/ка:

Вашите коментари:

Примете копија 

 


 

 

 

 


 

 

 

 



 

 

ЛИЧНА КАРТА НА ОЖ - СВЕТИ НИКОЛЕ

Организацијата на жени на Општина Свети Николе активно работи од 1990 година и претставува континуитет на поранешното женско организирање во општината.
Организацијата
е невладина, непартиска и непрофитна организација и работи на подрачјето на општина Свети Николе, а во последно време се направени обиди за заедничка соработка и со други женски НВО од Македонија.
Како невладина, непартиска и непрофитна Организацијата на жени според новите законски прописи изврши пререгистрација и од 28.12.1998 година е запишана во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации во Основниот суд во Свети Николе под број 18, а ќе дејствува на територијата на Општина Свети Николе со седиште на улица Цветан Димов број 14; Свети Николе.П.Ф.13

Во организацијата членуваат околу 500 жени, од кои 30 се активни волонтерки и вклучени во реализацијата на тековните активности и проекти. Во почетокот организацијата работеше на пружање на хуманитарна помош за социјално загрозени лица, но од 1997 година своите активности ги насочи кон реализација на проекти од различни области
.


      на почеток=

Организационата структура на Организацијата :

-Собрание -
е највисок орган на организацијата и е со променлив број на членови. Се свикува најмалку еднаш во годината а по потреба и почесто. Истото ја утврдува генералната политика на Организацијата на жените.
-Претседателство - е извршен орган на Собранието а правата и обврските ги врши врз основа и во рамките на Статутот и општите акти. Брои 17 члена делегирани од Активите на жени од месните заедници, работните организации и институции.
-Претседател на ОЖ - се избирана седница на Собранието со јавно гласање за време од четири години со право на повторен избор. Ја претставува и застапува Организацијата пред трети лица.
-Надзорен одбор - се избира на седница на Собранието за време од четири години и се грижи за спроведување на одредбите од Статутот и контрола на наменското располагање со средствата и приходите на Организацијата на жените. Наодите и одлуките Надзорниот одбор ги доставува до Собранието и до Претседателството на Организацијата на жените.

На 29.09.2004 во Свети Николе Организацијата на жените на општина Свети Николе го одржа годишното изборно собрание . На собранието присуствуваа 27 членови на Собранието како и поканети гости.

Комисијата за избор и именување поднесе предлог листа за членови/ки на Управниот одбор во состав:
-Вера Златева
-Билјана Димова
-Добрица Манева
-Славјанка Стаменкова
-Рахела Ѓорѓиева
-Радмила Сандева
-Александар Богатинов
-Даниела Панева
и
-Валентина Арсова

Предлогот беше усвоен од сите присутни на Годишното Собрание.
Управниот одбор поднесе предлог за избор на Претседателка и Потпретседателка на Собранието и Органзацијата
и тоа;
-за претседателка : Вера Златева
-за потпретседателка : Билјана Димова

Предлозите беа едногласно прифатени од сите присутни.

     на почеток=

Основната мисија на ОЖ е да дејствува во правец на унапредување на положбата на жените во сите сфери како:

-Еманципација и полова еднаквост;
-
Секаков вид на помош ( правна, социјална, хуманитарна и др. );
-
Здравствена едукација и заштита како превентива преку разни форми на предавања и прегледи;
-
Човекови права- женски права;
-
Работа со деца, младинци и стари лица преку разни форми;
-
Соработка со други НВО и институции на локално и национално ниво;
-Зачувување на животната средина.
 


        на почеток=

Во Организацијата постојат повеќе секции и комисии како што се:

-Секција за помош и социјална заштита
-
Секција за работа со деца и младинци
-
Секција за култура и рекреација
-
Секција за соработка со други невладини организации
-
Комисија за изработка на проекти и др.

Работата на ОЖ е јавна.Одлуките по одредени активности и проблематики кои се предмет на расправа и договарање се донесуваат на седница на Претседателството и тие се полноважни ако за нив се изјаснат повеќе од половината присутни членки на Претседателството.


      на почеток=

 

 

на прва страна


наши донатори:






 

АНКЕТА


Дали сте за
бесплатни гинеколошки прегледи?
 

Да
Не
   

 



 

локални линкови:


 

 

медиумски покровители на камапањата



 


 


 


 


 

 
 




 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster