македонски

english

 

профил

активности инфо галерија контакт

вести

              
Наскоро нови броеви на е-весник ВАВИЛОН
Писмо од Ејми Колтарт
За подобро здравје на жените
Со фудбал против расизмот во Европа
Компјутерска едукација на млади невработени
Колку и да сме различни, сепак сме исти


 

пребарувај
на интернет

Почивај во мир
Наш Ангелу


кампања за бесплатни гинеколошки прегледи
Животна приказна
 
 
 
 
U

©
 
 
 
Препорачајте!
Вашето име:

Вашата
е-маил адреса:


Е-маил на Ваш/а пријател/ка:

Вашите коментари:

Примете копија 

 






 

 


 

 

 


 

 

 

 

 



 

 

Добредојдовте
на интернет страната  на
Организација на жените на Општина Свети Николе

Евалуацијата на здравствената програма на организацијата во  PDF формат (654 KB).

Евалуацијата на Англиски јазик во PDF формат (370KB)

Евалуацијата може да ја симнете со кликнување на десен клик врз претходните линкови и со избирање на наредбата Save Target As...
 

Најнови вести од активностите на нашата Организација

Локален Волонтерски Сервис

Организација на жените од општина Свети Николе како партнер организација на Младински културен центар – Битола од октомври 2008 година започна да работи како Локален волонтерски сервис односно Волонтерска инфо точка. Локалниот волонтерски сервис (ЛВС) е структура која работи на развој и имплементација на квалитетен систем за волонтерски менаџмент и воедно дава придонес за решавање на проблеми во локалните заедници со воспоставување на рамнотежа помеѓу потребите и понудата на човечки ресурси – волонтери. ЛВС ќе биде отворен за сите граѓани и потенцијални корисници на волонтерскиот сервис.

Повеќе за овој напис

9та ФАРЕ ФУДБАЛСКА НЕДЕЛА ВО МАКЕДОНИЈА

Во тек е најголемата анти-расистичка кампања во Европа - со фудбал против расизам во Европа - ФАРЕ. Активностите од деветата акциона недела организирани се од мрежата ФАРЕ во 37 земји во Европа.
Организација на жени на Општина Свети Николе преку својот детско младински центар Вавилон од Свети Николе по петти пат се вклучија во одбележување во оваа кампања. На 19 Октомври 2008 година на спортската сала Цар Самоил во Свети Николе, беше организиран турнир во мал фудбал со учество на екипите: Друштвото за развој на доброволната работа од Јагодина-Србија, екипи на Вавилон центарот Свети Николе и екипа на Мировниот корпус од Америка.

Повеќе за овој напис

Еко - камп  “Заедно за почиста општина”

На ден 26,27 и 28 Септември 2008 година во Извидничкиот дом  Орел во с. Орел се одржа Еко - камп  кој како дел од проектните активности на проектот  “Заедно за почиста општина” чиј носител е И.О.”Гоце Делчев” и “Организација на жени на Општина Свети Николе”, во партнерство со Локалната самоуправа и останатите чинители: Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на роми, Здружение на власи и Еколошко друштво Изгрев.На Еко - кампот  учествуваа 40 активисти/ претставници на НВО , образовните институции и другите општествени чинители кои се вклучени во реализацијата на овој проект на возраст  од 15 до 25 години.

Повеќе за овој напис

на почеток=

” Развивање на доброволна работа“ Септември 2008 година

По враќањето на менторите од обуката во Словенија која беше одржана од 21 до 24 Август 2008 година се одржа договорна средба за понатамошните активности во врска со проектот . На 15 септември 2008 година работниот тим составен од : координатор и ментори имаше состанок. На состанокот беше направена прераспределба на менторите по основните училишта :Кирил и Методиј , Гоце Делчев од Свети Николе и Даме Груев од село Ерџелија и Средно општинското училиште Кочо Рацин од Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Млади во акција – вистина или предизвик”

Организација на жените на Општина Свети Николе го реализараше проектот „Млади во акција – вистина или предизвик”, кој беше финансиски подржан од Агенција за млади и спорт на Република Македонија. Општа цел на проектот - Промоција на програмата Млади во акција на Европската Комисија и стекнување на способности за начинот на аплицирање во оваа програма.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Коалицијата “Македонија Нулта Корупција“

Организација на жените на општина Свети Николе е членка на Коалицијата “Македонија Нулта Корупција “ .На ден 04.09.2008 година во хотел Континентал беше одржано основачко собрание на Коалицијата каде што беше усвоена Повелба и Акционен план за работа на Коалицијата .Коалицијата “Македонија Нулта Корупција” е формирана на иницијатива на “Транспарентност-Нулта Корупција” во рамките на проектот “Култура на законот наспроти корупцијата 2008.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Работилници за Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените

Организацијата на жените на општина Свети Николе од почетокот на 2008 година реализира 6 работилници за Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените (CEDAW). Во периодот Април - Мај 2008 се одржаа 4 работилници во Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица и Куманово, а во Септември во Свети Николе и Штип. Целта на овие работилници беше зголемување на информираноста за CEDAW конвенцијата и начинот на заштита на женските права согласно меѓународните правни инструменти.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПОВИК за учество на обука за Програмата МЛАДИ во АКЦИЈА

ПОВИК за учество на семинарот
МЛАДИ ВО АКЦИЈА - ВИСТИНА ИЛИ ПРЕДИЗВИК

Доколку сакате да организирате меѓународни младински семинари, тренинзи и младински размени и доколку сакате во блиска иднина да имате волонтер од некоја од Европските земји, тогаш повелете аплицирајте за дводневниот семинар Млади во Акција - вистина или предизвик, кој го организира Организација на жените на општина Свети Николе финансиски подржано од Агенција за млади и спорт на Република Македонија.
Овде може да ги превземете:
- повикот за учество на семинарот;
- пријавата за учество на семинарот;

на почеток=

Обука за ментори во Словенија

Преставници на Организацијата на жените на општина Свети Николе, Локалната самоуправа и наставен кадар од основните и средното училиште од Свети Николе, во периодот од 21-24 Август 2008, учествуваа на обука за ментори во организација на Словенска филантропија од Љубљана. Учесниците на обуката “Развивање на  доброволната работа со деца и млади на територии на Западен Балкан и начин на  подготовка на граѓанството во демократското општество”споделија искуства од досегашната работа на полето на волонтерството во своите држави, се запознаа со словенскиот модел на  доброволна работа со млади  во  училиштата и придобивки од доброволната работа за младите.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ЗАЕДНО за почиста Општина

на почеток=

“Организација на жените на Општина Свети Николе“  во партнерство со И.О. “Гоце Делчев”, како и останатите општествени чинители: Општина Свети Николе, ЈП. Комуналец, Еколошко друштво Изгрев, Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на Роми и  Здружение на Власи  ја  започнаа реализацијта на проектот „Заедно за почиста Општина”.
Овој проект се спроведува преку Програмата SECTOR на Регионалниот центар за Заштита на животната средина за Централна и Источна Европа. Оваа програма ја финансира Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA).

Повеќе за овој напис

на почеток=

Мултилатерална Младинска Размена „Пријателство без граници“-Јундола, Бугарија

Од 01 до 11 Јули 2008 година во Јундола, Бугарија се одржа Мултилатералната Младинска Размена "Пријателство без граници". Целта на оваа младинска размена беше преку конкретни активности од различен вид младите од 4 земји да ги надминат предрасудите и да можат подобро да се запознаат и дружат со своите врсници од другите земји.

На размената зедоа учество млади од 4 земји:

-Бугарија – Евроалтернативи21

-Македонија – Организација на жените на Општина Свети Николе;

-Босна и Херцеговина – ЗГ Лотос, Зеница;

-Турција - Неформална група на млади „Gocmenalemi“, Бурса

Повеќе за размената можете да прочитате на следните линкови:

http://www.evroalternativi21.hit.bg/nastoiashti.html

http://www.womsvetinikole.org.mk/2007_YouthInAction-Activities.HTM

на почеток=

Образование за работнички права во Источна Македонија

Организацијата на жените на Општина Свети Николе како партнер Организација на Институтот за Демократија ,, Социетас Цивилис ,, кој е носител на проектот Образование за работничките права во Источна Македонија, во текот на месец Март 2008 година реализираше 8 едукативни работилници за правата од Работен однос во средниот училишен центар ,Кочо Рацин“ во Свети Николе, текстилното средно училиште во Штип и средното училиште во Виница

Повеќе за овој напис

на почеток=

Само здрави граѓани градат здраво општество

Проектните активности од проектот “Само здрави граѓани градат здраво општество” чиј носител е НВО - ЕХО од Штип продолжија и во тековната 2008 година Целта на проектот е да се изработи регионална стратегија за превентивна здраствена заштита за брегалничко струмичкиот регион , а воедно да се зајакнат капацитетите на невладините организации од овој регион .

Повеќе за овој напис

на почеток=

Тренинг за пишување на предлог проекти

На 9 и 10 Февруари 2008 година во просториите на Организација на жените на Општина Свети Николе се одржа дводневен тренинг за пишување на предлог проекти. На обуката присуствуваа 25 млади луѓе , волонтери во Организација на жените на Општина Свети Николе. Одговорен тренер им беше Златко Талевски од Младински Културен Центар од Битола и член на мрежата на тренери на SEEYN.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Канцеларија за бесплатна правна помош

Канцеларијата за бесплатна правна помош за жените жртви на семејно насилство е отворена на почетокот на минатата година од страна на Организацијата на жените на општина Свети Николе и континуирано работи во текот на цела 2007 година како проектна активност во рамките на проектот ,,Подобрување на положбата на жените,, финансиран од Шведската фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА . Интересот кај жените од Општина Свети Николе е доста голем и секојдневно се јавуваат жени жртви на семејно насилство на кои им е потребен стручен совет или подготовка на писмен поднесок . Почнувајки од Јануари 2008 година за неполн месец и пол регистрирани се 21 случаи на лица кои побарале и добиле бесплатна правна помош.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Усвоена Локалната Младинска Стратегија за Општина Свети Николе

Организацијата на жените на општина Свети Николе во периодот Септември 2007 - Јануари 2008 година го реализираше проектот Изработка на локална стратегија за млади на општина Свети Николе” кој финансиски беше подржан од Министерство за финансии на Република Македонија .

Општа цел на проектот беше подобрување на положбата на младите и нивно активно вклучување во општествените текови на живеење.

Стратегијата беше поднесена до Советот на Општина Свети Николе на 24.12.2007 година и беше усвоена од страна на советниците на 28.12.2008 година.

Локалната стратегија за млади може да ја најдете на следниов линк :
Локална стратегија за млади на Општина Свети Николе (114 KB)

Повеќе за овој напис

на почеток=

Кампања „16 дена активизам против насилство врз зените“

Организацијата на жените на општина Свети Николе како дел од проектот Подобрување на положбата на жените финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA реализира активности во рамките на меѓународната кампања 16 дена активизам против насилството врз жените која трае од 20 Ноември до 6 Декември. Во рамките на оваа кампања активистките на Организацијата на жените на општина Свети Николе изработија виолетови машнички - симбол на борбата против семејно насилство и истите заедно со брошури за семејно насилство беа поделени на жените на Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Продлабочување на меѓурелигискиот дијалог

Во период од 1 Ноември до 31 Декември 2007 година се реализира проектот Продлабочување на меѓурелигиски дијалог финансиски поддржан од Екуменски женски фонд на солидарност - Омиш Република Хрватска.
Цел на проектот беше
продлабочување и зацврстување на меѓуверската толеранција, меѓусебното разбирање и соработка со цел подобрување на соживотот меѓу различните верски ентитети.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Работилници за правата на жените од работен однос

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Подобрување на положбата на жените, финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA во текот на 2007 година реализира 8 едукативни работилници на тема Правата на жените од работен однос.
Целта на овие работилници беше запознавање на жените со правата и обврските од работен однос. Работилниците беа одржани во 6 села: Горобинци, Ерџелија, Мустафино, Црнилиште, Амзабегово и Кадрифаково и 2 работилници за жените од Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Осма ФАРЕ Акциона недела “Со фудбал против расизмот во Европа“

Активностите од Осмата акциона недела од 17 до 30 Октомври се организирани од мрежата ФАРЕ - со фудбал против расизмот во Европа (www.farenet.org) во 37 земји во Европа. Организација на жените на Општина Свети Николе (младински центар Вавилон од Свети Николе како дел од нејзината младинската програма) по четврти пат пат се вклучија во одбележување во оваа кампања.На 21 Октомври 2007 година во училишната спортска сала во Општинското Основно Училиште "Кирил и Методиј" во Свети Николе, се одржа финалето на турнирот во мал фудбал "Со фудбал против расизмот во Европа".По предлог на младите беше побарано турнирот да биде посветен и беше посветен на трагично прерано загината голема Балканска музичката звезда од Македонија, голем љубител на спортот и големиот хуманист - Тоше Проески .

Повеќе за овој напис и галерија со слики од настанот

на почеток=

Меѓународна Младинска Размена „ЕВРОПСКА МЛАДИНА=ЕВРОПСКА ИДНИНА“-Дојран 2007

Од 01 Јули - 10 Јули 2007 во Дојран се одржа меѓународната младинска размена на која учествуваа 42 младинци од 6 земји (Македонија, Србија, Италија, Словенија, Бугарија и Босна и Херцеговина).
Главни цели на оваа размена беа да се надмине јазот што постои помеѓу младите луѓе од различни земји од Европа и да им овозможи да спознаат како подобро да ги почитуваат индивидуалните човекови права и слободи, да се потикнат на младите за активно вклучување во општеството, јакнеење на меѓукултурна соработка помеѓу младите во регионот (од земјите на Југоисточна Европа и Европската Унија) и подобро меѓусебно запознавање во насока на изградба на млади кои ќе станат одговорни европски граѓани.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Вести од Организацијата од постар датум:
(кликнете на бараната на бараната година за да прочитате повеќе)

  2007      2006        2005       2004

      на почеток=

 



 


наши донатори:










 

АНКЕТА


Дали сте за
бесплатни гинеколошки прегледи?
 

Да
Не
   
 





 

локални линкови:


 

 

медиумски покровители на камапањата



 


 


 


 


 

 
 




 

профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.