|
Најнови вести од активностите на нашата
Организација |
|
Заврши
реализацијата на проектот ЗАЕДНО за почиста општина |
|
Во периодот од 09 Јуни 2008 година до 31 Мај 2009
година Организација на жените на Општина Свети Николе во
партнерство со И.О. “Гоце Делчев, како и останатите општествени
чинители: Општина Свети Николе, ЈП. Комуналец, Еколошко друштво Изгрев,
Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на Роми, Здружение на Власи,
Центар за Економски Развој и Чекор по Чекор за подобра иднина ги
реализира предвидените проектни актвности од проектот „ЗАЕДНО за
почиста Општина”. Овој проект се спроведуваше преку Програмата
SECTOR на Регионалниот центар за Заштита на животната средина за
Централна и Источна Европа. Оваа програма ја финансира Шведската
агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA).
Повеќе за овој напис
|
|
Акција за избор на најуреден
индвидуален двор во општина Свети Николе |
|
Во
изминатиот период почнувајки од крајот на Февруари 2009 година до крајот
на Мај 2009 година спроведени се активностите за избор на најуреден
индвидуален двор во општина Свети Николе како дел од проектот “ЗАЕДНО
за почиста општина”.
I место Ацо Гонев - награда машина за косење на трева (награда
обезбедена од донаторите на проектот) и викенд за двајца во општинското
одморалиште во Дојран ( награда од Градоначалникот на Општина Свети
Николе);
II mesto Du{ica De~kova - пластичен
контејнер од 120 литри за комунален одпад (награда обезбедена од
донаторите на проектот);
III место Јордан Михаиловски - комплет од црево со систем за
распрскување на водата (награда обезбедена од донаторите на проектот)
Повеќе за овој напис
|
|
Јас сум волонтер – биди и ти |
|
Во
месец Март и Април 2009 година 150 – те волонтери од основните и
средното училиште од општина Свети Николе продолжија со пружање помош
двапати неделно на корисниците на волонтерски услуги со цел полесно
совладување на наставните содржини кои тие ги изучуваат, а менторите
континуирано ја следат нивната работа.
Менторите имаа редовни средби со волонтерите со цел да се согледаат
потешкотиите и препреките со кои се соочуваат при давањето на
волонтерските услуги. Во период од 08 до 10
Мај 2009 година Организација на жените на општина Свети Николе заедно со
Словенска филантропија од Словенија организираа меѓународна конференција
во хотел Дрим – Струга на тема: ”Јас сум волонтер – биди и ти”.
Повеќе за овој напис
|
|
Зајакнати капацитети – подобро
општество |
|
Организација на
жените на општина Свети Николе од 10 март 2009 година започна со
реализирање на активности од проектот “Зајакнати капацитети – подобро
општество” кој финансиски е поддржан од Регионалниот центар за
здрава животна средина за Централна и Југоисточна Европа.
Целта на проектот е зголемување на знаењата на членовите на
Организација на жените на општина Свети Николе од областа на Заштита на
животна средина и здравство (сексуално и репродуктивно здравје) преку
дводневни обуки и пренесување на општата популација во општина Свети
Николе.
Повеќе за овој напис
|
|
ЗАЕДНО за почиста општина
|
|
Во
рамките на проектот ЗАЕДНО за почиста општина во Мај месец се одржа
вториот еко камп и беше спроведена евалуацијата на
постигнатите резултатите од спроведените проектни активности (со
помош на евалуциониот прашалник). Од 11 до 14 Мај 2009 година тимот
одговорен за организирање и спроведување на II Еко Камп ги изврши
неопходните подготовки за нормално одвивање на кампот. Еко кампот се
одржа од 15 до 17 Мај 2009 година во Извидничкиот дом ОРЕЛ во с. Орел ,
Свети Николе. На II Еко Камп учествуваат 40 млади (на возраст од 15 до
25 години) најголемиот број од нив беа
активисти во еко патролите и тие ги споделија своите негативни и
позитивни искуства од нивното патролирање.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Голема еко акција за чистење на диви
депонии |
|
По
обемните подготовки , неколкуте договорни состаноци со сите општествени
чинители кои активно се вклучија во акцијата и со помош од
Градоначалникот на Општина Свети Николе конечно на 16 Април реализиравме
една Голема Еко Акција за чистење на 6 диви депонии во која учествуваа
околу 720 граѓани (беа вклучени ученици од Општинските училишта,
Здруженија на граѓани, шумското стопанство, Јавното Комунално
Претпријатије, заинтересирани граѓани).
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Едукативна трибина за локалните и
претседателски избори |
|
На
11.03.2009 година во просториите на ресторан “Лотос” во Свети Николе
Организацијата на жените на општина Свети Николе одржа едукативна
трибина на тема Избори-2009 . Цел на
трибината е подигнување на свеста кај граѓаните во општина Свети Николе
за потребата од активно учество во изборниот процес и важноста за
искористување на своето законско право- право на глас. Оваа активност е
проектна активност на Македонското Женско Лоби, а на локално ниво
организирано од страна на Организацијата на жените на општина Свети
Николе .
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Средба
со Комисијата за родова еднаквост |
|
Како дел од проектната активност на Организацијата на
жените по проектот “Креирање на услови за поправедно општество-2”
кој финансиски подржан од Шведската фондација
Kvinna Till Kvinna , на 04 Март 2009 година
се одржа едночасовна средба со
Претседателката на комисијата за родова рамноправност. Организацијата на жените на општина
Свети Николе (членки кои директно се вклучени во реализирање на проектот
,”Креирање на услови за поправедно опшество”: кординаторката на проектот
г-ѓа Вера Златева , асистент кординаторка и правничка во
канцеларијата за бесплатна правна помош г-ѓа Даниела Панева и
психологот во канцеларијата г-ца Ивана Јорданова)
остварија средба со преседателката на комисијата за родова рамноправност
г-ѓа Фросина Паневска .
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Семинар “Свет без дискриминација” |
|
На 20-21 Февруари 2009 во просториите на хотел
Овче Поле , Свети Николе се одржа дводневен семинар на тема Човекови
права и Дискриминација. Семинарот беше одржан во рамките на
проектот “Свет без дискриминација” кој е финасиран од УНДП.
Главна цел на семинарот е промовирање и едуцирање за концептот за
човекови права и поимот за дискриминација. На семинарот присуствуваа
15 професори од основните училишта и средното училиште од општина Свети
Николе . Фасцилитатори на обуката беа Даниела Панева и Благица
Качанска.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Локални и претседателски избори |
|
Во
месец Февруари 2009 се одржаа 6 едукативни работилници за
правата од изборниот процес , важноста од излегување на избори и
искористување на своето законско право на глас. Проектна активност на
Организацијата на жените на Општина Свети Николе, а финансиски подржана
од Шведската фондација Kvinna Till Kvinna.
Целна група беа жени од 6 руралните средини на
општина Свети Николе сметајки дека жените од руралните средини се
понемотивирани за учество во изборниот процес и дека во доминантната
позиција се мажите. Овие жени вообичаено гласат под притисок или по
убедување на своите сопрузи и други машки членови од семејството,
незнаејки дека нивното право на глас на тој начин е злоупотребено.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Развивање на доброволна работа меѓу
деца и млади |
|
По покана од
Амбасадата на САД на 20 јануари 2009 година двајца ментори од
Организација на жените на општина Свети Николе и 6 волонтери ја посетија
Американската Амбасада во Р.Македонија. Преставници на Организацијата на
жените на општина Свети Николе, Локалната самоуправа и наставен кадар од
основните и средното училиште од Свети Николе, од 19-22 Февруари 2009
година во Ново Место – Словенија учествуваа на втората обука за
ментори по проектот “Развивање на доброволна работа меѓу деца и млади
на териториите на Западен Балкан и начин на подготовка на граѓанството
во демократско општество” во организација на Словенска филантропија
од Љубљана.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
CEDAW Конвенција |
|
Организација
на жените на општина Свети Николе,
од месец Септември до месец Декември 2008 реализираше уште 9
работилници за CEDAW Конвенцијата за елиминирање на сите форми на
дискриминација врз жените, кои се активности предвидени во рамките
на проектот “Креирање на услови за поправедно општество”
финансирано од Шведската фондација Квинна Тилл Квинна.
Работилниците беа спроведени во градовите Гевгелија, Дебар, Крива
Паланка, Струмица, Прилеп, Битола и Струга, и на кои присуствуваа
вкупно 77 учесници – претставници од државните институции и локалните
невладини организации.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Мојот глас е мое право – сакам да го
искористам |
|
Организација на жените на општина Свети Николе
во период од месец Октомври до Декември 2008 го
реализира проектот “Мојот глас е мое право – сакам да го искористам”,
кој е финансиски поддржан од УНДП. Целта на проектот е
информирање и едукацирање на жените од различна етничка припадност од
општините Свети Николе, Лозово, Карбинци, Радовиш и Кочани за активно
учество во изборниот процес и самостојно гласање без притисок од мажите.
Со ова ќе се придонесе за фер и демократски избори кои се важни за
побрза интеграција на Македонија во Европската Унија.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Креирање на услови за поправедно
општество 2 |
|
Организација
на жените на општина Свети Николе во ракмите на проектот "Креирање на
услови за поправедно општество 2" финансиран од шведската фондација
Квинна Тилл Квинна, ќе ја реализира активноста - 10 едукативни
работилници за млади девојки. Ги известуваме сите заинтересирани
девојки на возраст од 18 - 30 години од општина Свети Николе да се
пријават за учество на овие работилници до 15 Февруари. Апликацијата за
учество може да се најде во Канцеларијата на Организација на жените на
општина Свети Николе, која се наоѓа на ул. Цветан Димов, бр.14 (во
близина на црквата Свети Никола) или на веб страната на Организацијата
www.womsvetinikole.org.mk Селекцијата на учесничките ќе се направи
според потполнетата апликација на пријавените кандидатки.
Апликацијата може да ја превземете тука (250KB). |
|
на почеток= |
|
Локален Волонтерски Сервис |
|
Организација
на жените од општина Свети Николе како партнер организација на
Младински културен центар – Битола од октомври 2008 година
започна да работи како Локален волонтерски сервис односно
Волонтерска инфо точка. Локалниот волонтерски сервис (ЛВС) е
структура која работи на развој и имплементација на квалитетен систем за
волонтерски менаџмент и воедно дава придонес за решавање на проблеми во
локалните заедници со воспоставување на рамнотежа помеѓу потребите и
понудата на човечки ресурси – волонтери. ЛВС ќе биде отворен за сите
граѓани и потенцијални корисници на волонтерскиот сервис.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
Еко - камп “Заедно за почиста
општина” |
|
На ден 26,27 и 28
Септември 2008 година во Извидничкиот дом Орел во с. Орел се одржа
Еко - камп кој како дел од проектните активности на проектот
“Заедно за почиста општина” чиј носител е И.О.”Гоце Делчев” и
“Организација на жени на Општина Свети Николе”, во партнерство со
Локалната самоуправа и останатите чинители: Граѓанска иницијатива
на жени, Здружение на роми, Здружение на власи и Еколошко друштво Изгрев.На
Еко - кампот учествуваа 40 активисти/ претставници на НВО ,
образовните институции и другите општествени чинители кои се вклучени во
реализацијата на овој проект на возраст од 15 до 25 години.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |
|
„Млади во акција – вистина или
предизвик” |
|
Организација
на жените на Општина Свети Николе го реализараше проектот „Млади во
акција – вистина или предизвик”, кој беше финансиски подржан од Агенција
за млади и спорт на Република Македонија. Општа цел на проектот -
Промоција на програмата Млади во акција на Европската Комисија и стекнување
на способности за начинот на аплицирање во оваа програма.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |